Дали некогаш сте се прашувале како изгледа процесот на дизајнирање и изградба на еден луна-парк? „Дизни“ објави онлајн-курс кој покажува како се градат елементите во парковите на компанијата. Во рамките на курсот може и да се обидете самите да изградите одредени елементи.
Фото: Pixabay
Онлајн-курсот пристигна во совршено време кога многумина се принудени да останат дома. Тој претставува одличен начин за стимулација на имагинацијата додека се учат вештини од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.
Фото: Pixabay
Курсот бил направен заедно со „Пиксар“ и „Кан Академи“. Тој вклучува 35 видеа, а главните теми што се покриваат во
курсот се создавање светови, дизајнирање атракции и оживување на цртани ликови. Тој нуди и симулатор со кој може да се дизајнираат ролеркостери.
Онлајн-курсот може да го пронајдете
овде.
Извор:
upworthy.com