09.06.2020
Здравје
Ковид-19: 87 новозаразени и 5 оздравени
Во текот на изминатото деноноќие се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
По градови, новозаразените се од:
- Скопје - 41
- Куманово - 12
- Штип - 16
- Тетово - 10
- Струга - 1
- Охрид - 2
- Гостивар - 1
- Пробиштип - 4
Од Министерството додаваат дека на Клиниката за кардиологија починал пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 5 оздравени пациенти и тоа од:
- Скопје - 1
- Прилеп - 2
- Тетово - 2
Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања за Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје и од нив нема позитивни на Ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.