Која земја е кралство на чоколадото? Ви споделуваме листа од 10 врвни извозници на
чоколадо за минатата година. Замислете, Швајцарија не е број еден.
10. Швајцарија – извезла чоколадо во вредност од 802,2 милиони долари
Земјата на Нестле и Линд вчудовидувачки се најде на десеттото место на оваа листа. Сериозните зависници треба да знаат дека во Швајцарија постои „чоколаден воз“ што ги носи посетителите во фабриката на Нестле во Бро. Музејот на Линд и Шпрунгли се наоѓа во Килхберг.
9. Обединето Кралство – 878,8 милиони долари
Три проценти од вкупниот извоз на чоколадо доаѓаат од Островот. Во квантитет, барем, е пред Швајцарија. Во мал град на југот од Бирмингем се наоѓа фабрика која е отворена секој ден освен за Божиќ и пречекува околу 600.000 посетители годишно.
8. Франција – 1,4 милијарда долари
Ако сакате да го вкусите најубавото темно чоколадо, треба да ја посетите Франција. Четиридневната изложба што се одржува секоја година под насловот Salon du Chocolat е посветена на секој аспект од производството на чоколадо, проследена со демонстрирање на процесот, чоколадна уметност, вкусување, предавања, па дури и модна ревија со креации од чоколадо.
7. Канада – 1,5 милијарда долари
Се претпоставува дека француското влијание одигра голема улога во високиот пласман на Канада на оваа „чоколадна листа“. Сент Стивен, Њу Брунсвик, домот на фабриката Ганонг, е познат како „Чоколадниот град на Канада“, каде што се случува годишен фестивал.
6. Полска – 1,6 милијарда долари
Полско чоколадо? Да, убаво читате. Ведел е големо име меѓу кондиторските производи. Ако се затекнете во Краков, посетете ја Краковска мануфактура чоколади (Krakowska Manufaktura Czekolady). Огромната понуда на торти и топли напивки е извонредна.
5. САД, 1,6 милијарда долари
Минатата година, шест проценти од вкупниот извоз на чоколада отпаѓаат на Соединетите Американски Држави или во превод – премногу Херши барчиња.
4. Италија – 1,7 милијарда долари
Италија ѝ е ривал на Франција за фино чоколадо. Eurochocolate, годишниот саем во Перуџа, Умбрија, и најголемиот од тој тип во Европа, звучи како добро место за опуштање.
3. Холандија – 1,8 милијарда долари
Препорачлива дестинација – Ван Розелен фајн чоклетс (Van Roselen Fine Chocolates). Градот е домот на Chocolátl, што се смета за „чоколадна галерија“, а главно има мајсторски, чоколади од исто потекло што се убаво прикажани и во таква амбалажа што да ти е жал да земеш нешто од рафтовите.
2. Белгија – 2,9 милијарди долари
Посетителите имаат голем избор на атракции и активности, од чоколадни музеи, шетачки и вкусувачки тури на повеќе од две илјади продавници за чоколадо, вклучително Choco-Laté во Бриж и Фестивалот на чоколадото во Брисел.
1. Германија – 4,5 милијарди долари
Не треба да нѐ изненадува првата позиција на Германија. Пред сѐ, таа е домот на Аугустус Глоп, како и на Утер, дебелото дете од Симпсонови што ја кажа оваа бесмртна реченица: „Не терај ме да трчам, преполн сум со чоколадо!“ (додека Хомер се обидува да го „искамшикува“ со крпа по грбот. Туристите што ќе го посетат Келн можат да навратат во Музејот на чоколадото (Das Schokoladenmuseum), каде што начинот на производство е прикажан на многу начини.