Летото е период на среќа, авантури и патувања за многумина, но за некои есента е совршено време за ментален и физички одмор. Има повеќе причини зошто есента е добра за менталното здравје.
Хранливи и вкусни оброци
Исхраната влијае врз расположението. Додека во текот на летото повеќето јадат нешто набрзина, во текот на есента трошат повеќе време на подготовка на вкусен оброк.
Фото: Pixabay
- Хранливиот зеленчук може да биде подготвен како супи или други јадења во кои може да се ужива со семејството и пријателите за да се намали стресот - вели докторката Даниела Бејвид.
Време на промени
Според Стефан Чмелик, основач на биотехнолошката компанија „Сенсејт“, луѓето најчесто го забележуваат доаѓањето на две годишни времиња, а тоа се есента и пролетта. Зимата и летото се само транзиција меѓу овие две годишни времиња, според него.
Чмелик додава дека е најдобро да се живее во хармонија со годишните времиња наместо да следиме исти навики за секој годишен период. Со есента, подгответе се за порано заспивање и подолг сон.
Носталгија
Според докторката Ел Бог, која е социјален психолог, во текот на есента се буди и чувство на носталгија за враќање на училиште.
Фото: Pixabay
- Луѓето ја сакаат есента бидејќи е свеж почеток, ја поврзуваат со тргнувањето на училиште и тоа носи возбуда, нуди чувство на носталгија - вели Бог.
Удобност
Високите температури не се за секого. Затоа, периодот на постудени денови во текот на есента е совршено освежување за многумина. Ова нуди чувство на удобност и повеќето луѓе ја сакаат оваа промена и ја гледаат како можност за раст.
Подготовки за зима
Есента ја носи возбудата за планирање на зимските празници. Деновите се пократки, па слободното време може да се искористи за планирање на идните месеци.
Извор:
Wales online
Насловна фотографија: Pixabay