X
 09.06.2020 Здравје

Постојаното негативно размислување е поврзано со зголемен ризик од деменција

Постојаното негативно размислување може да го зголеми ризикот за Алцхајмерова болест и деменција, покажува истражување водено од универзитетскиот колеџ „Лондон“.

Во анализата учествувале луѓе на возраст над 55 години. Истражувачите откриле дека постојаното негативно размислување се поврзува со последователни состојби кои може да доведат до Алцхајмерова болест.


Фото: Pexels

Негативното размислување отсега треба да се истражува како потенцијален фактор за појавата на деменција, додека психолошките методи како медитацијата треба да се истражуваат како потенцијални начини за намалување на ризикот од добивање на овие болести.

Како што открива Натали Марчант, еден од авторите на истражувањето, депресијата во зрелите години веќе се сметала како фактор за појава на деменција, но сега е откриено дека можеби има скриена причина зошто луѓето со депресија и слични здравствени состојби почесто имаат деменција.


Фото: Pexels

- Се надеваме дека нашите откритија може да се искористат за развивање стратегии за намалување на ризикот од деменција кај луѓето со тоа што ќе им се помогне да го намалат негативното размислување - вели Марчант.

Во истражувањето учествувале 292 луѓе, а траело две години.

Извор: eurekalert.org 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје