X
 22.11.2022

За сите обожаватели на „Канцеларијата“: Сега можете да поминете еден ден како ликовите од серијата

Култната серија „Канцеларијата“ во текот на сите девет сезони собра сериозна бројка на обожаватели низ светот. Сега, тврдокорните обожаватели ги чека вистинско уживање.

Имате уникатна можност да влезете во канцеларијата на компанијата „Дандер Мифлин“ и нејзината најдобра филијала „Скарнтон“. За работите да бидат уште подобри, можете да видите како изгледа сетот и да ги доживеете од прва рака некои од култните епизоди што ја обележаа серијата.

канцеларија

Ноќевање во „Дандер Мифлин


„Букинг“ нуди уникатно искуство: ноќевање во најпознатата канцеларија. Повторно создадената канцеларија се наоѓа во Вашингтон и го вклучува сето она што можеше да се види во серијата, од канцеларијата на Мајкл Скот, преку конференциската сала и работното место на Пем, до познатиот магацин и фармата на Двајт.

Просторот се протега на два ката и е создаден во соработка со креаторот на американската верзија на серијата, Грег Даниелс, и е полн со реквизити од оригиналниот сет.

3

Дополнително, ќе наидете на различни референции за познати сцени, како што е прославеното чили на Кевин или сцената со борбата со надуените сумо-борачи.

4

„Букинг“ нуди специјална награда за љубителите на серијата - можат да освојат едно ноќевање за две лица што вклучува вечера, искуство во различни сетови и игра каде што можат да ја освојат престижната награда „Данди“. Плус, можете да ги пробате омилените переци на Стенли, да играте пинг-понг во магацинот или да ги посетите Нијагарските Водопади каде што се венчаа Џим и Пем.

5

Понудата можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: Index.hr
Фото: Booking.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk