X
 09.11.2020 Технологија

Сите кликаме на „I Agree“ - Колку всушност се долги условите за користење?

Дали некогаш сте ги прочитале сите услови за користење на некоја програма? Да, исто и ние само притискаме на „Next“ или „I Agree“.

Сепак, некои луѓе решиле и за ова да направат истражување. Имено, тие ги анализирале условите за користење на некои од најпопуларните апликации и програми што ги користат милиони, па дури и милијарди лица.

Ако сакате да прочитате сè што пишува во условите за користење на 13 апликации на англиски јазик (тука спаѓаат Тик-Ток, Зум, Вацап и други), би ви биле потребни околу 17 часа и 5 минути. Колку за споредба, исто толку време е потребно да се прочитаат романите „Разум и чувствителност“ или „Шиндлеровата листа“.

Апсолутен рекордер е „Мајкрософт тимс“ со 18.282 збора, а по него следуваат „Кенди Краш“ со 14.189 и „Твитер“ со 11.022.

Она што е уште поважно е прашањето дали ќе разберете сè што пишува? Како што вели една од учесничките во анализата, овие текстови се толку неразбирливи и комплицирани, што многу луѓе би имале проблем да сфатат сè.

Што ако не сакате да се согласите со условите за користење? Веројатно единствената опција ви е да се откажете од таа апликација.

Извор: B92
Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија