X
 09.11.2023 Економија

Експерти во Германија предлагаат младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата

Советот на „економски мудреци“ во Германија, група угледни експерти, презентира идеја на младите до 18 години да им се даваат 10 евра месечно, најмалку шест години, за да ги направат своите први чекори на берзата.

- Еден од начините да се олесни пристапот на секој млад човек до пазарите на капитал е државата на секое дете да му обезбедува по 10 евра месечно во вид на удел во фонд - се наведува во вчера објавениот годишен извештај на експертската група. Овој почетен капитал би можел да се вложи, на пример, во „стандарден производ“ како што е јавно управуван пензиски фонд - предлагаат „мудреците“.

За време на прес-конференцијата за презентирање на годишниот извештај на групата, Улрике Малмендиер, една од експертите, истакна дека Германците инвестираат релативно малку во акции во споредба со другите нации. 

- Ние сме нација на штедачи и за да го промениме тоа, треба да го подобриме финансиското образование од училиште па натаму - рече таа.

Мерката, доколку биде усвоена, ќе го чини државниот буџет 1,2 милијарди евра годишно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија