X
 10.01.2020 Живот

Јапонски милијардер дава 9 милиони долари на следбеници на „Твитер“ за да испита една теорија

Во септември 2018 година јапонскиот милијардер Јуску Маезава направи значителен депозит за добивање билет до Месечината на ракета на „Спејс Екс“. До мај 2019 година модниот тајкун истакна дека банкротирал.

Сега очигледно има толку многу пари што може да им даде 9 милиони долари на неговите следбеници на „Твитер“ за  да ја тестира теоријата дека основниот приход би можел да ја зголеми среќата на примателите.

На 1 јануари Маезава првпат твитна за експериментот. Тој планира да им даде на илјада лица што ќе го ретвитнат твитот по 9 илјади долари.

Не е јасно кога ќе се врши исплатата, но примателите ќе имаат задача да пополнат прашалници направени за истражување како парите влијаат врз нивните животи.

Во февруари 2019 година финската влада откри дека двегодишен експеримент со основен приход ја зголемувал среќата кај примателите. Сепак, Тошихиро Магахама, економист, се сомнева дека експериментот на Маезава ќе го има истото влијание.

- Основен приход значи редовна минимална сума која нуди чувство на сигурност. Она што Маезава го нуди е сосема различно - вели тој.

Сепак, тешко е да се замислат некои маани на потегот на Маесава - тој може дури и да ја поттикне Јапонија да размисли за истражување на потенцијалните бенефити на основниот приход преку долготраен опит.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот