X
 17.06.2022 Живот

Предлог во Словенија: На боледување до три дена без посета на лекар

За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе таа мерка.

Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до три дена без посета на матичен лекар трајно ќе го растовари медицинскиот персонал и дека пишувањето лекарски уверенија за вакви болести е „бирократски товар“ и непотребно.

Како аргумент за таквиот став, лекарите наведуваат дека според нивното искуство, релативно малку вработени користат краткотрајно боледување и дека најчесто се работи за благ здравствен проблем кој исчезнува за неколку дена, па затоа не е потребно пациентот да оди во амбуланта.

Во случај Владата да го прифати предлогот, пред неговото спроведување во практика, работодавците и вработените, односно пациентите, треба да бидат добро информирани за сѐ.

Лекарите предлагаат и дел од административните работи во амбулантите со кои сега се оптоварени лекарите да им се префрлат на медицинските сестри, а да се регулира долгото боледување во заводите за здравствено осигурување.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот