Како една од најважните стратешки определби до 2025 година, „Пивара Скопје“ продолжува да ја остварува визијата да стане 24/7 партнер на купувачите и консументите во категоријата пијалаци. Овој пат тој чекор напред е проширувањето на понудата од нивното портфолио со производите на Campari Group.
Со ова, како ексклузивен увозник и дистрибутер, „Пивара Скопје“ ја започнува продажбата на светски познатите брендови Aperol, Campari, Bulldog, Bickens, Cinzano, Ouzo 12, SKYY и Wild Turkey.
Campari Group располага со портфолио од над 50 премиум и супер премиум брендови кои се дистрибуираат во повеќе од 190 земји низ светот и е глобално познат бренд кој ги дели визијата и страста за квалитет, иновации и врвна услуга.
Ова партнерство oвозможува повеќе опции за купувачите и консументите, со фокус на обезбедување комплетен асортиман на пијалаци за секоја пригода во текот на денот.
- Нашата визија е да станеме водечки партнер за пијалаци 24/7 и континуирано го развиваме нашето портфолио за да создадеме уникатни искуства за нашите купувачи и потрошувачи 24 часа на ден. Возбуден сум што можам да го објавам почетокот на нашата соработка со Campari Group, чии брендови, како Aperol, имаат голем потенцијал во нашиот регион и се целосно комплементарни со нашето постојно портфолио на врвни пијалаци. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да создаваме дополнителна вредност за сите партнери на Пивара Скопје - изјави Горан Сладиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.
Со проширувањето на портфолиото, „Пивара Скопје“ дополнително ја зајакнува позицијата на нивните брендови, како прв избор за премиум квалитетно искуство, и продолжува да испорачува најдобар квалитет, додека истовремено создава дополнителна вредност на нивните партнери.
(Комерцијална објава)