X
 20.05.2022 Наша тема

Coke Summership летна пракса во „Пивара Скопје“ која нуди поинакво кариерно искуство за сите учесници

Денес разговараме со Ивана, Дениз и Киро, дел од тимот на Пиварци кој работи на осмислување и реализација на Програмата за летната пракса во „Пивара Скопје“, позната како Coke Summership.

Зборуваме што ја прави програмата Coke Summership поразлична од другите практикантски програми наменети за студенти во завршна година од своите студии, каков концепт нуди, каква поддршка добиваат учесниците во програмата, какво знаење и искуство стекнуваат и најважно, какви можности имаат во иднина.

Ивана, што всушност претставува Coke Summership и зошто „Пивара Скопје“ се одлучи да воведе ваков тип летна пракса?

- Coke Summership претставува летна пракса во „Пивара Скопје“ која е наменета за сите студенти што се во завршна година на своите студии, како и за студенти кои се на магистерски студии. Станува збор за сеопфатна програма која им овозможува на учесниците да ја започнат својата кариера на вистински начин. Програмата е конципирана на начин да им понуди на учесниците знаења од повеќе различни области во нашата организација. Фокусот е ставен во комерцијалните сектори, но учесниците имаат можност да се развиваат онаму каде што ќе покажат најголеми преференции. Она што е најважно е дека програмата им помага на учесниците да се пронајдат себеси и да разберат што е она што најмногу ги интересира и во која сфера сакаат да се развиваат понатаму, оттука би рекла дека Coke Summership им овозможува на учесниците да откријат каде се гледаат себеси во иднина и како сакаат да го започнат својот кариерен пат.

- Овој проект е креиран од страна на нашата групација Coca Cola Hellenic и повеќе години успешно се спроведува во сите компании што се дел од системот на оваа меѓународна компанија. Всушност, учесниците во програмата имаат можност да искусат низа добри практики кои се спроведуваат, покрај во „Пивара Скопје“, и во преостанатите компании што се дел од Coca Cola HBC, а тоа е она што ѝ дава дополнителна вредност на програмата и ја прави атрактивна кај младите.

Дениз, ти си еден од креаторите на програмата и секоја година си вклучен во нејзината реализација. Што ја прави програмата Coke Summership поразлична од другите редовни понуди за пракса што студентите може да ги сретнат на пазарот?

- Сметам дека денеска има многу можности за пракса, но не би рекол дека секаде се посветува еднакво внимание на практикантите и младите кои се инкорпорираат во организациите, а и искуството не е секогаш релевантно за нив. Ми се допаѓа тоа што во оваа програма на практикантите им се обезбедуваат знаења од различни области и што имаат можност да запознаат вработени, лидери од повеќе сектори во компанијата. Мислам дека тоа е многу важно, особено за оние што не се целосно сигурни во која насока сакаат да се развиваат. Секој од нив има ментор и покрај официјалната и мошне интензивна хибридна агенда на програмата, практикантите работат на реален заеднички проект и на крајот го презентираат пред високиот менаџерски тим на организацијата, што е исто така голема предност на оваа летна пракса и на учесниците им дава дополнителен предизвик, но и искуство.

- Имено, да се биде дел од програмата Coke Summership е голема чест и уште поголемо задоволство за секој учесник. Покрај тоа што им дава можност на младите, талентирани студенти да стекнат непроценливо искуство, Coke Summership е феноменален спој за подобрување на личните вештини и компетенции. Исто така, благодарение на оваа програма, младите таленти имаат можност да се запознаат со механизмот на функционирање и „да ги вкусат тајните состојки“ на „Пивара Скопје“ како дел од мултинационалните семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN, а истовремено и да ја почувствуваат енергијата на Пиварци и да научат многу од нив.

Киро, ти си активно вклучен во програмата и имаш улога на ментор на учесниците. Што, всушност, значи тоа?

- Coke Summership претставува уникатна платформа за учење и унапредување преку конкретни активности, соочување со реални предизвици од бизнисот и развивање нови вештини кои им помагаат на учесниците во понатамошниот професионален пат. Програмата има трансформативен ефект и за менторот и за учесникот, каде што менторот го интегрира учесникот во професионалното секојдневие, му помага да ја развие пасијата за учење и развивање. Менторот е важен дел од целиот процес и ги охрабрува учесниците да излезат од комфор-зоната, да истражуваат и да носат одлуки поврзани со конкретни проекти. Да се биде ментор не значи да се знаат сите одговори, врската помеѓу менторот и учесникот е заснована на многу прашања и одговори, практични истражувања, активности и охрабрување на учесниците да го преземат следниот чекор, па и ако погрешиле, со единствена цел за учење и развивање. Менторот го насочува учесникот и го охрабрува да го пронајде x-факторот што го поседува, преку задачи, дискусии и споделување искуства, кои ќе го подготват за идните професионални предизвици.


Дениз, како може заинтересираните студенти да аплицираат за Coke Summership и како изгледа процесот на селекција и избор на финалните учесници? 

- Сите амбициозни студенти што го привршуваат своето образование и се во потрага по едно поинакво искуство можат да го изразат својот интерес на https://cokesummership.mk/, каде што со неколку кликнувања го започнуваат своето виртуелно патување. „Е2Е“ дигиталната регрутација значи дека процесот на селекција за самата програма е целосно дигитализиран, во кој нашата компанија не се потпира повеќе на биографии и писма за интерес. Самиот дигитален процес на селекција на кандидатите им овозможува од поврзување со нивниот социјален медиум, преку гемификација базирана на вештачка интелигенција, дигитална аритметика и виртуелно интервју да ги запознаат најновите трендови во процесот на регрутација, воедно и да обезбедат учество во програмата на начин во кој самите придонесуваат. 

- Нашите платформи се адаптирани на ниво на апликации и се многу пријателски и интересни за студентите, но, од друга страна, крајно објективни и темелни во детектирањето на потенцијалот кај талентите. Како и секоја година, очекуваме петнаесетте најдобри студенти да ни се приклучат, а по успешното завршување на процесот, воедно и на програмата, секој учесник влегува во дигиталната база на таленти на групацијата Coca-Cola Hellenic и претставува потенцијален член на нашето глобално семејство. 


Киро, според твоето досегашно искуство како ментор во програмата, со какви знаења и вештини се стекнуваат учесниците по завршувањето на Coke Summeship?

- Сите учесници на Coke Summership досега беа одлични, сите имаа желба за учење и развивање и сите имаа амбиција успешно да запливаат во бизнис-светот. Искуството што оваа програма го нуди е одблиску, активно да се вклучат во секојднeвните бизнис-активности и да работат на конкретни проекти кои понатаму може и да се имплементираат. Учесниците работат на реални проекти, се соочуваат со реални предизвици и имаат можност да работат со професионалци од областа, да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и повремено да се соочат со неуспех од кој ќе научат и потоа да предложат успешно решение кое ќе се реализира во рамките на нивното поле на дејствување. 

- Во рамките на програмата, учесниците развиваат различни вештини, добиваат јасна слика каде и како сакаат да продолжат понатаму во нивниот професионален живот, обезбедуваат знаења од многу области и имаат можност да се запознаат и директно да работат со вработени и лидери од различни сектори во компанијата.

- По завршувањето на програмата, учесниците можат да бидат горди на себе што директно учествувале и креирале многу возбудливи маркетинг-кампањи или продажни активности, каде што преку различни иновации придонеле за нивниот и за развојот на тимот во кој учествувале.  


Ивана, „Пивара Скопје“ оваа година прославува 100 години од своето постоење и на македонскиот пазар важи за компанија со значајно социо-економско влијание, но и релевантен работодавец кој им нуди различни кариерни можности на своите вработени. Ако зборуваме за кариерните можности во компанијата, што е она што може учесниците во оваа летна пракса да го очекуваат по завршување на Coke Summership?

- „Пивара Скопје“ е компанија со 100-годишна традиција, но и компанија која е лидер на пазарот во понудата на широко портфолио на производи, лидер во иновации и лидер во воведување флексибилно работно време и бибриден модел на работа. Ние сме оние што темелно им пристапуваме на сите предизвици и се трудиме да ги развиеме на највисоко можно ниво, истовремено заедно со нашите вработени градиме средина во која сите се чувствуваме како дома.

Во оваа смисла Coke Summership за нас не е само практикантска програма која трае 30 дена, напротив, таа е почеток на едно кариерно искуство за учесниците за кое ние се трудиме да прерасне во нешто повеќе од тоа. Затоа, по завршување на програмата, секој учесник пристапува кон кариерно интервју во кое ги оценуваме неговите стекнати компетенции, вештини и лични аспирации и на учесниците им нудиме за почеток можност за уредена практикантска работа во времетраење од шест месеци. Нашата цел е: денес учесник во Coke Summership, утре Пиварец. Во нашата компанија имаме примери на колеги кои се дел од различни сектори, а својот кариерен пат во „Пивара Скопје“ го започнале токму преку Coke Summership. Затоа и велам дека оваа програма е одлична можност за сите млади таленти кои се во завршна година од своите студии за започнување на кариерниот пат во „Пивара Скопје“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема