Естонија неодамна инсталира систем за автоматско препознавање животни во близина на патиштата. Системот препознава животни како елени, мечки и диви свињи и автоматски вклучува знаци на патот со кои се бара намалување на брзината на автомобилите.
Со системот Естонија има цел да го заштити дивиот свет и да спречи повреди и смртни случаи предизвикани од удари на животните од страна на автомобилите.
Фото: Pixabay
Новиот систем користи десет радари со кои се надгледуваат патиштата и нивната околина. Кога системот ќе регистрира движење на животно, се испраќа сигнал до знаците за
ограничување на брзината на 70 километри на час. Знаците се исклучуваат кога животното ќе го помине патот.
Според технолошката компанија „Самсара“, постојат повеќе причини зошто животните се привлечени да поминат на отворен пат, освен едноставното доаѓање од точка А до точка Б. На пример, свежо косените тревници и посолените патишта може да бидат привлечни за некои животни како извор на хранливи состојки.
Автор: Крис Јанг
Извор:
interestingengineering.com