Кога ја добил Нобеловата награда за книжевност во 1925 година, Џорџ Бернард Шо изјавил дека тоа веројатно само е знак на благодарност зошто не објавил ништо таа година. Тој го одбил паричниот бонус кој доаѓал со наградата, а на повиците да ги земе парите за да ги донира изјавил: „На Алфред Нобел може да му биде простено што го измислил динамитот. Но само непријател на човечкиот вид може да ја измисли Нобеловата награда“.
Тој бил вегетаријанец и починал на 94-годишна возраст. Во продолжение се некои од неговите најпознати цитати.
- Учтивоста ништо не расипува. Разликата во години не расипува ништо. Мислењето на родителите не расипува ништо. Докторите расипуваат сè. Само тие.
- Запомни, пријателе: сè што можеш да купиш со пари, веќе е евтино!
- Можеби си во право, но каква корист има од тоа ако жена ти плаче?
- Соништата се остваруваат само за оптимистите. Песимистите имаат кошмари.
- Прашањето што ќе мислат луѓето мора да биде последно. Всушност, никој не се грижи што мислат луѓето. Тоа е твој живот.
- Колку е човекот постар и помудар, толку помалку има желба да ги поправи работите. Таквата личност само сака да стане, да посака сè најдобро и да замине.
- Не брзајте да му помогнете на некој што не побарал помош од вас. Не давајте му совет на некој што не ве прашал за совет. Ценете се себеси, својот збор, вашите мисли.
- Сега кога научивме да летаме во воздухот како птици, да пливаме во водата како риби, ни недостига само едно: да научиме да живееме на земјата како луѓе.
- Искреноста и лојалноста се скапи подароци кои не треба да се очекуваат од евтините луѓе.
- Обидете се да го добиете она што го сакате или ќе бидете принудени да го сакате она што го добивате.
- Сакајте ги мажите. Навистина им е потребна таа љубов. Зад секој голем маж стои жена која верувала во него и навистина го сакала.
- Луѓето најмногу ги интересираат работи кои воопшто не ги засегаат.
- 2 отсто од луѓето мислат, 3 отсто мислат дека мислат, а 95 отсто попрво би умреле отколку да мислат.
Извор:
Atma
Насловна фотографија:
Wikipedia