X
 10.06.2024 Живот

Одбележан Светскиот ден на нутриционизмот на УКЛО

На Технолошко-техничкиот факултет Велес, Универзитет „Св. Климент Охридски - Битола“, на 28.5.2024 година беше одбележан Светскиот ден на nутриционизмот (World Nutrition Day) со стручно предавање од м-р по нутриционизам Марија Матовска, aлумни на ТТФ Велес. 

На онлајн настанот се дискутираше за нутриционизмот како наука, можностите што ги нуди професијата нутриционист, предизвиците на нутриционистите и нивната улога во општеството.




Светскиот ден за безбедност на храната е меѓународна иницијатива за подигнување на свеста и мотивирање на луѓето да преземат акција за да се намалат, елиминираат и контролираат ризиците од болести предизвикани од храната.

Оваа година, Светскиот ден за безбедност на храната - 7 Јуни се одбележа под мотото „Безбедност на храната: подгответе се за неочекуваното“. Овогодишната тема ја нагласи важноста на инциденти (ситуации) поврзани со безбедноста на храната и ги промовира активностите што треба да се преземат за да се биде подготвен за управување со тие инциденти. Треба да се истакне дека да се биде подготвен за управување со инциденти поврзани со безбедноста на храната, бара ангажман од креаторите на политики, властите за безбедност на храната, земјоделците и операторите со храна, а исто така и од потрошувачите.

Технолошко-техничкиот факултет од Велес, единица на УКЛО, и оваа година, по четврти пат, организира онлајн дискусија по повод Светскиот ден за безбедност на храната. Свое излагање имаше Маја Лукарева, инспектор за храна во одделението за следење на измами со храна од Агенција за храна и ветеринарство - Скопје.

На дискусијата присутните беа запознаени со целите, одговорностите и надлежностите што ги има Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како самостоен надлежен орган. Се дебатираше на прашања кои се однесуваа на заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната и заштита на потрошувачите од заблуда и нивно навремено информирање за можните опасности од храната. Исто така, се укажа на важноста и улогата на потрошувачите во обезбедувањето безбедна храна. Во иднина треба посебно внимание да се посвети на подобрување на личната култура на потрошувачите, како и кога да ја набават храната, како да ја транспортираат, чуваат и подготвуваат во своите домови. 

Признавањето на лична одговорност за безбедноста на храната е предуслов за спроведување на соодветно однесување кон безбедноста на храната.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот