X
 10.09.2019 Живот

Најпријателска земја за туристи во светот е...

Шпанија е прогласена за најпријателска земја за туристите во однос на подготвеноста за пречекување на туристите, покажува најновиот извештај објавен од Светскиот економски форум.

Извештајот за конкурентност во туризмот и патувањата ги наведува најдобрите и најлошите земји во светот врз основа на тоа колку се подготвени во однос на пречекувањето на туристите. Шпанија се најде на врвот на листата со 5,4 поени од вкупно 7, врз основа на 14 индикатори наведени од Светскиот економски форум за оценување на земјите во овој извештај.

шпанија
Фото: Reuters/Sergio Perez


Франција, Германија, Јапонија и САД се меѓу првите пет земји, додека Велика Британија, Австралија, Италија, Канада и Швајцарија се најдоа на другите пет места од топ-10.

На другиот крај на табелата, Јемен (рангиран на 140. место) се смета за најлоша земја во светот за туристите, по што следуваат Чад, Либерија, Бурунди и Демократска Република Конго. На петте последни места се Мавританија, Ангола, Хаити, Буркина Фасо и Сиера Леоне.

- Шпанија останува најпријателска земја за туристите благодарение на богатите природни и културни ресурси и импресивната инфраструктура за туристички услуги.

Изненадува тоа што Шпанија не помина најдобро во оценувањето на вредноста на парите, па првото место во оваа област му припадна на Казахстан. Шпанија освои доста бодови во областите сигурност и безбедност и туристичка инфраструктура, како хотелите, летовите и сообраќајот.

Македонија на оваа листа се најде на 101. место од вкупно 140 земји. Најдобро место од регионот има Хрватска, која се најде на 27. место, веднаш зад неа е Бугарија на 45. место, Унгарија на 48. место, Романија на 56. место, Црна Гора на 67. место, Србија на 83. место, Албанија 86. место и Босна и Херцеговина на 105. место.

Извештајот можете да го прочитате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот