Кога пациентот се наоѓа под дејство на анестезија, тој/таа не може да создава спомени, да се движи и да чувствува болка. Ова звучи слично како спиењето, но не е така.
Во однос на видот на операцијата, анестезиолозите користат регионална, односно локална или општа анестезија. Општата може да биде инхалациона или интравенозна. Како анестетик може да бидат искористени разни видови лекови во гасовит, течен или друг облик. Еден анестетик кој сè уште се користи некаде за регионална анестезија е кокаинот.
Како точно функционира анестезијата гледаме во илустрираното видео во продолжение.