Генетиката е гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените и наследувањето на особините. Како што напредува развојот на науката, се зголемува бројот на појави кои можат да се објаснат со сложени генетски обрасци на наследување.
Научниците ги интересира и дали различните преференции за одредени режими на исхрана кај луѓето, како вегетаријанството, се одредени од гените. Тие дошле до заклучок дека процентот на генетско влијание се движи од 70 до 80 отсто кога станува збор за овие навики.
Истражување спроведено на Универзитетот „Нортвестерн“ покажува како генетиката придонесува за способноста на една личност да следи вегетаријанска исхрана. Забележано е дека меѓу учесниците, кај вегетаријанците доминираат жени на помлада возраст, со понизок индекс на телесна маса и понизок социо-економски статус.
Идентификувани се три гени кои се поврзани со вегетаријанството, а уште 31 ген биле идентификувани како потенцијално поврзани регулаторни гени.
Иако мотивацијата за овој тип исхрана доаѓа од одредени причини, најчесто морални, податоците покажуваат дека придржувањето кон таквата диета е ограничено, во поголема или помала мера, од генетиката.
Друга студија го испитувала генетското влијание врз склоноста кон одреден тип на исхрана, па, покрај вегетаријанството, била проучувана и корелацијата на гените и пескетаријанството. Тестирањето на над 8.000 близнаци дава увид во навиките во исхраната на многу блиски роднини и дополнително го привлекува вниманието на генетскиот аспект.
Сите видови апстиненција од одредени намирници од животинско потекло повторно се забележани во поголем процент кај жените.
Потврдено е дека варијациите и во пескетаријанството и во вегетаријанството се околу 75 отсто засновани на генетика, а остатокот се влијанија од околината.
Извор:
National geographic
Насловна фотографија: Pixabay