X
 11.02.2024 Живот

Научници ги анализираат говорите на Хитлер и ќе ги објават со дополнителни појаснувања и контекст

Говорите што нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ги одржал помеѓу 1933 и 1945 година, за време на нацистичкото владеење, ќе бидат анализирани од група научници кои ќе ги направат достапни за јавноста со придружни објаснувања и контекст.

Се очекува проектот да трае седум години, а негова цел е првпат да ги идентификува и анализира сите говори на Хитлер и да ги направи достапни за академскиот свет и пошироката јавност преку критичко издание, објавија научниците.

Заедничкиот проект го реализираат фондацијата Германска радиодифузна архива, Универзитетот Гете во Франкфурт, Институтот за современа историја Минхен-Берлин, Институтот за германски јазик Лајбниц од Манхајм и Универзитетот Филипс во Марбург.

Целта е сите релевантни текстови и аудиоснимки да бидат достапни во научно веродостојна форма. Фактите и контекстите ќе бидат објаснети во белешки според моменталната состојба на истражувањето, велат истражувачите.

Објаснувањата ќе бидат објавени во печатена и во дигитална форма, а аудиоснимките ќе можат да се пребаруваат и анализираат.

Проектот е финансиран од Германската истражувачка фондација, интердисциплинарна организација за промоција на науката и истражувањето во Германија.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот