Откако приватните специјализанти најавија
генерален штрајк од понеделник бидејќи, и покрај тоа што им било ветено, нивните барања не биле ставени на дневен ред на Влада, стаса реакција од Министерството за здравство.
Во продолжение интегрално го пренесуваме целото соопштение:
„Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.
Ве информираме дека по средбата со нив е изготвен извештај и доставен на Влада, каде што на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период.
Во 2018 година приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.
Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти“.