X
 18.12.2021 Живот

Дали сте слушнале за синдромот на генерациите што се досадуваат на работа

Како што изминуваат годините, сѐ повеќе луѓе се крајно незадоволни од својата работа.

Вработените известуваат дека задачите што ги извршуваат и состаноците што ги имаат се монотони и крајно досадни. Покрај тоа, работниот ден е предолг, а односите со шефовите се влошени.

Ова чувство на досада и трајна демотивација е препознаено од различни експерти како синдром наречен бордаут и стана постојан факт меѓу новите генерации.

Според истражувањето спроведено во Мексико од платформата за вработување „О-си-си Мандиал“, 75 отсто од 700 работници рекле дека се незадоволни од својата работа, а 87 отсто постојано бараат нова работа.

Зад ова се крие длабока вознемиреност и чувство на потценување, објаснува Камило Арбелаез, извршен директор и директор-психотерапевт на платформата „Ентерапија“, која веќе некое време обезбедува онлајн психотерапевтски услуги во Мексико.

- Синдромот бордаут е психолошко нарушување предизвикано главно од ниското ментално оптоварување на работното место, поради недостиг на соодветни квантитативни или квалитативни деловни задачи. Од друга страна, кај новите генерации создава краткорочна и среднорочна досада, што ја доведува во прашање нерамнотежата меѓу очекувањата што ги имаат од нивната работа и нивните реални напори - посочува Арбелаез.

Факторите што влијаат врз овој синдром се работните простории, кои имаат тенденција да бидат огромни и деморализирачки, и  недостигот на можности за напредок во бизнисот. Сепак, експертот посочува три клучни точки:

- Недостиг на цел: вработениот не чувствува длабока поврзаност со она што го работи и што може да постигне со својата работа.
- Недостиг на интелектуален предизвик: вработениот ги извршува задачите без напор и за кратко време.
- Недостиг на изгледи за напредување: вработениот забележува очигледно ограничување во неговиот професионален развој или проекција на работата. Постои чувство на стагнација.

Синдромот бордаут може да влијае врз продуктивноста на организацијата, менталното здравје и емоционалното здравје. Тоа се одразува и врз економските загуби на човечкиот капитал, кој е од голема вредност за компаниите. Покрај тоа, постои голема можност вработените да развијат симптоми на анксиозност или депресија.

Според Светската здравствена организација (СЗО), Мексико е на прво место во светот по стрес на работа, со 75 отсто од работната сила која работи во стресни услови. По Мексико се Кина (73 отсто) и САД (59 отсто).

Една студија покажа дека 15 отсто од канцеларискиот персонал страда од овој синдром.

Но, лошата организациска клима, досадата на работниците и можноста за намалување на трошоците што влијаат врз финансиите може да се избегне доколку се постигне здраво работно место и се спречи развој на психички нарушувања.

Извор: Bizlife
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот