СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк организира отворен ден за бесплатни семинари што ќе се одржи на 18 мај во Public Room во Скопје, во период од 11:00 до 15:00 часот. Семинарите ќе бидат на три теми, Бизнис, администрација и економија, Психологија и Компјутерски науки.
Говорниците на семинарите доаѓаат од СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис-администрација и економија, ќе одржи семинар на тема „Примарни и селективни маркетинг стратегии за одржлив раст“. На овој семинар ќе се објаснат стратегиите што корпорациите ги прифаќаат во нивните напори да растат, да продаваат повеќе и да продолжат со нивните тактики за одржливост.
Василис Шацибирос, доцент, академски директор на програми за додипломски студии на Катедрата за психологија, ќе говори на тема „Отпорност во време на криза: Како да се искористат социјалните и психолошките ресурси“. Семинарот ќе се фокусира на тоа зошто реагираме поинаку на стресот и кризите, како и на психолошките и социјалните фактори кои ни помагаат да создадеме и да ја зајакнеме отпорноста.
Семинарот на д-р Димитрис Дранидис, вонреден професор, раководител на Катедрата за компјутерски науки на тема „Агилни методи за развој на софтвер: Како да управувате со постојани и брзи промени во ИТ-проектите“ ќе се осврне и ќе истакне некои од клучните карактеристики на овие агилни методи, како што се SCRUM и Extreme Programming.
Во рамките на Отворениот ден, учесниците ќе имаат можност да се сретнат и со директорот за регрутација на студенти, Грегори Дикаиос, и да дознаат повеќе информации за програмите за додипломски и постдипломски студии што се нудат на СИТИ Колеџ - Европскиот кампус во Солун и онлајн.
Повеќе информации за апликација на бесплатните семинари се достапни на
линкот.
(Комерцијална објава)