X
 08.05.2017

Сметате дека сте фит? Погледнете кои тестови треба да ги поминете за да го потврдите тоа

Можеби сте во можност да ја подигате сопствената телесна тежина и да правите склекови без пауза, но тоа не ве прави фит. Постои листа на исцрпувачки вежби кои треба да бидете способни да ги правите за да потврдите дека сте во топ форма.

Според Боби Максимус, тренинг директор во елитната сала за вежбање Џим Џоунс, постојат 20 стандарди што треба да ги исполните. Еве ги седумте најкритични:

Изведување на 15 кревања на целото тело – со овој тест ги вклучувате сите мускули – долниот дел на телото, јадрото и горниот дел. Изведувањето на оваа вежба значи дека се носите со тежината на телото и дека знаете како да ги користите мускулите во синергија.

Задно клечење со двојна тежина од Вашата – со оваа вежба се докажува дека Вашите нозе се доволно силни да поднесат речиси сѐ.

Трчање на 10 километри за 50 минути – трчањето на долги стази можеби не Ви е нешто ново за потврдување на тоа колку сте фит овде е важно да се внимава на факторот време. Со ова се докажува дека Вашите бели дробови се во ред и дека имате способност бргу да си дојдете на себе.

Турско подигнување со половина од Вашата телесна тежина – комплетна вежба која ја гради и одржува мобилноста на целото тело докажува дека секоја од Вашите половини на телото се навистина силни.

Кревање на тегови на клупа со Вашата телесна тежина во 10 повторувања – Максимус вели дека способноста да ја направите оваа вежба значи дека најверојатно ќе можете да ги поминете повеќето од воените тестови со туркање нагоре кои бараат сериозна издржливост.

Да направите ред од 500 метри во 90 секунди – оваа вежба покажува дека Вашите бели дробови имаат моќ да издржат интензивен напор за кој Максим вели дека е клучен за учесници во специјални воени сили.

Да направите ред од 2000 метри во 7 минути – слично на претходниот тест, оваа вежба бара белите дробови да Ви се издржливи, но бара и ментална цврстина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk