X
 11.08.2024 Живот

За Ангела Мешкова, најдобар студент на ФЕИТ, падот на наталитетот, работата на студентите во Германија, студиите на ХЕФ... Што пишувавме неделава?

Ангела Мешкова, најдобар студент на ФЕИТ со просек 10,00: „Електроенергетичарите ќе бидат многу важни во енергетската транзиција“

Ангела Мешкова го заврши Факултет за електротехника и информациски технологии, на студиската програма Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, со просек 10,00 и овој успех ѝ ги донесе наградата за еден од најдобрите студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за учебната 2022/2023 година и стипендијата за магистерски студии на престижниот Институт за технологија во Лозана, Швајцарија.

Намалувањето на бројот на живородени деца ќе значи затворени училишта, депопулација и стареење на населението, вели Марија Љакоска, демограф од Институтот за географија

Информацијата дека од 31.421 живородено дете во 1994 година во Македонија до 2023 година бројот се симнал на најниски 16.737 деца, го вклучи алармот во општеството. Падот на наталитетот влијае врз фертилитетот, а со неговиот пад почнува и процесот на стареење на населението. Сето ова понатаму ќе доведе до намалување на работниот контингент, особено намалување на високообразовниот кадар, што пак ќе се одрази негативно врз здравствениот систем, пензискиот систем и општо врз целокупната економска состојба на државата.

Со Марија Љакоска, демограф и доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ, разговараме за причините на намалениот наталитет, влијанијата врз демографските промени и за последиците од трендовите на опаѓање, односно какви демографски промени ќе донесе падот на фертилитетот во општеството, какви промени ќе претрпи образовниот систем и пазарот на труд.

Студентите ги заменија плажите со работни обврски во Германија - заработуваат до 2.000 евра месечно

Во градот останаа само основците и средношколците, студентите заминаа преку лето да работат во Германија, раскажуваат велешани. Професори од Скопје кажуваат дека студентите веднаш по завршувањето на испитната сесија летнале за Германија, а оставиле некои колеги да им ги подигнат оценките од писмените испити. Млади од Битола сведочат дека веќе неколку години печалбарска земја преку лето за нив е Германија, од каде што се враќаат со неколку илјади евра.

Студентите што завршуваат на ХЕФ се справуваат со предизвиците на животната средина и ја обезбедуваат не само својата, туку и иднината на следните генерации

Оние што ќе студираат на ХЕФ инвестираат во стекнување знаења кои сигурно ќе ги променат нивните животи, бидејќи се решаваат за справување со современите предизвици од областа на животната средина и обезбедување иднина не само за својата, туку и за следните генерации. Токму затоа, на ХЕФ се стремиме кон обезбедување современи методи и техники во процесот на формирањето стручни кадри, идни инженери, еколози, хортикултуристи, вели доц. д-р Михајло Ристески од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот