X
 06.08.2023 Живот

За студентските денови на ректорката Биљана Ангелова, за првенките Јована и Јелена... Што пишувавме неделава

Не очекувам некој да ме ангажира поради високиот просек, ме погодува неможноста да покажам што знам на аудиција, вели Јована Спасиќ, првенец на генерацијата на ФДУ

Јована Спасиќ од Куманово дипломира како првенец на генерацијата на Факултетот за драмски уметности и се вброи меѓу 23. најуспешни студенти на „Св. Кирил и Методиј“, на кои Универзитетот им додели награди за највисок постигнат успех. Но, таа вели дека просекот не го диктира нејзиниот квалитет. Во актерската професија има и талент, шарм, карактер, сестраност, познанства... Најмногу ја погодува неможноста да се претстави на некоја аудиција и да покаже што може отколку да очекува дека поради високиот просек некој мора да ја ангажира да глуми.

Кога бев студент со Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ: „Во сесија немаше излегување, пишував цели скрипти и правев компилации од неколку книги за поголемите испити“

Биљана Ангелова е новата ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет. Во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде што во континуитет се избира во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана за советник/редовен професор во областа на деловните финансии, а во 2012 година е избрана за редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Јелена Спиревска дипломира на Филозофски со 10,00 и сака да го истражува бронзеното време

Јелена Спиревска е избрана за еден од најдобрите студенти на УКИМ. Вели дека е голема чест и одговорност да се биде најдобар студент на Филозофскиот факултет. Патот да дојде до ова признание е исполнет со многу труд, посветеност, учење. Наградата претставува еден потсетник на „слатките маки“ и целиот вложен труд во текот на студиите, но и мотивација за уште поголеми залагања, работа, успеси и доказ дека ништо не е невозможно доколку се потрудиме и веруваме во себе, смета Јелена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот