X
 17.08.2022 Живот

Компанија бара практикант да пие вино во Шпанија и Португалија, а дневницата е 240 евра

Дали виното е повкусно кога го пиете од убава чаша на тераса со прекрасен поглед или ви е сеедно дали сте дома и го пиете од шолја додека гледате телевизија?

Британскиот синџир на продавници за вино „Маџестик“ сака да го дознае токму тоа, па нуди 240 евра за кандидат кој ќе биде дел од уникатно истражување.

Оваа компанија специјализирана за продажба на вино објави дека бара практикант кој ќе ѝ помогне да открие дали виното има подобар вкус на одмор.

Избраниот кандидат ќе биде испратен на Пиринејскиот Полуостров на три дена, со платен лет и сместување, како и дневница од 240 евра.

Избраниот среќник ќе добие кутија со вина произведени во Шпанија и во Португалија за да може да ги пие во регионите каде што се произведени. Кога ќе заврши патувањето, практиканот ќе го добие истото вино за да го проба дома и да открие дали може да вкуси некаква разлика.

- Не е потребно претходно искуство, само отворен ум, пасош и љубов кон убавите шишиња - велат од „Маџестик“.

Заинтересираните треба да пополнат пријава на веб-страницата на „Маџестик“ и да напишат какво вино најмногу сакаат да пијат на одмор, заедно со уште 200 збора зошто заслужуваат да бидат избрани, како и нивното мислење дали виното е повкусно во странство.

Кандидатот треба да е жител на Велика Британија, а ќе го започне своето патување во септември.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот