Лара Крофт е прогласена за најлегендарниот лик од видеоигра на сите времиња, на 20. доделување на наградите „Бафта гејмс“.
Поминаа 28 години откако „Томб Рајдер“ ги запозна играчите со Лара и таа прилично е променета од тоа време.
- Од многу шилест и детски лик, таа стана многу филмска - истакна Шели Блонд, актерката која го позајмувала гласот за оригиналната Лара.
Лара ги победила Марио и Соник во анкетата за играчи, а Шели изјавила дека не е изненадена, иако признава дека никогаш самата не ја играла играта.
- Она што е интересно за Лара Крофт е што таа е женска главна улога во видеоиграта. Таа се залага за женската сила и женското зајакнување. Секогаш е на првата линија, таа е она што значи авантура во целосна смисла - рекла таа.
Видеоиграта ја лансира пошироката франшиза на Лара Крофт - серија видеоигри, како и филмови со Анџелина Џоли во главната улога, па дури и серија на „Нетфликс“ што се очекува подоцна оваа година.
Кога Шели првпат ја добила работата да го позајми гласот на Лара, ѝ било кажано да црпи инспирација од одреден истражувач што носи федора.
- Насоката што ја добив од студиото беше дека таа е женски Индијана Џонс. Значи, таа е храбра, дрска, се облекува слично, има слични авантури – но е Британка. Девојките може да се идентификуваат со неа - рекла Шели.
И покрај тоа што го претставува најпознатиот лик од видеоиграта, Шели вели дека единствената игра што ја играла е „Пакмен“.
- Никогаш не сум играла „Томб Рајдер“. Мојата оригинална копија е во својата кутија - истакнала таа.
„Пакмен“ не е заборавена игра, но го зазела шестото место во ранг-листата со најлегендарните ликови од видеоигрите. На второ место е Марио, трет е Хитмановиот агент 47, четврти е Ежот Соник, а петти е Сакбој од Малата голема планета.
На топ-10 листата се: Линк од „Леџенд оф Зелда“, Мастер Чиф од „Хејло“, Кратос од „Гад оф вор“ и Шадоухарт од „Болдурс Гејт 3“. Од Бафта велат дека повеќе од 4.000 играчи во светот учествувале во анкетата преку нивната веб-страница.
Извор: index.hr
Фото: Freepik