Продолжението на „Гладијатор“ е еден од најочекуваните филмови годинава, но само неколку дена по објавувањето на трејлерот филмот доби голем број негативни критики.
Имено, во продолжение на оригиналниот филм од 2000 година се појавуваат Пол Мескал и Педро Паскал, додека заплетот е сместен две децении по завршувањето на таа верзија. Во актерската екипа се приклучува и Дензел Вашингтон, а еден детаљ од трејлерот предизвика многу критики.
Досега има собрано 14 милиони прегледи на „Јутјуб“, а она што особено им пречело на многумина што го гледале е изборот на музиката. Во трејлерот се слуша песната „No Church in the Wild“ на Џеј Зи и Канје Вест. Хип-хоп песната од албумот „Внимавај на тронот“ од 2011 година беше избрана за филмот веројатно затоа што го вклучува текстот „Крв ја валка вратата на Колосеумот/Blood stains the Coliseum doors“.
Сепак, бидејќи оригиналниот филм фаворизираше малку поинаква музика во споредба со онаа од трејлерот, разбирливо е зошто на некои обожаватели на оригиналниот филм им пречела толку.
Незадоволните обожаватели напишале дека очекувале Вин Дизел во одреден момент да се појави во автомобил од франшизата „Брзи и бесни“.
Извор: klix.ba
Фото: YouTube screenshot