X
 04.01.2021 Образование

За 2.869 денари ќе порасне нето-платата на наставниците што ќе добијат звање ментори

Нето-платата на наставниците во основно образование што ќе добијат звање ментори ќе порасне за 2.869 денари и оваа сума влегува во основата на платата, што значи дека придонеси ќе се плаќаат и за неа, добивме одговор од Министерството за образование и наука - МОН. Оттаму објавија дека првпат во образованието се воведува кариерен напредок на наставниците кој подразбира стекнување дополнителен личен доход.

- Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем и има цел да влијае врз личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност - појаснуваат оттаму.

Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен на следниот ЛИНК. Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

МОН со повик до наставници од основно за напредување во звање ментор


За да се пријави еден наставник на повикот, потребно е да исполнува неколку услови, односно да има најмалку седум години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.
Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование