X
 20.08.2020 Култура

Почетните ноти на „Ода на радоста“ како обележје на два јубилеја – 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен

Музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето, а нотите – нивното пишано лице, заедничко за сечии мисли и чувства. „Ода на радоста“ од Лудвиг ван Бетовен, химната на Европа, е своевиден симбол за заедништвото и универзалноста на вредностите, воопшто. Во чест на музичкиот гениј, деновиве во центарот на Охрид поставено е обележје на почетните ноти на „Ода на радоста“, со моќна порака и во чест на јубилеите – 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен.

Оваа порака ја носи и годинашното „Охридско лето“, кое со својата 60-годишнина одбележува уште еден значаен јубилеј, 250-годишнината од раѓањето на Бетовен. Вака Охрид уште поцврсто му припаѓа на светот и обратно – светот уште поцврсто му припаѓа на Охрид.

„Ода на радоста“ симболично го означи и јубилејното издание на фестивалот. Првата вечер, која беше посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ која 1961 ја започна магијата на фестивалот, заврши токму со оваа химна на Европа во изведба на оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Музиката на Бетовен, по повод 250 години од неговото раѓање, се славеше низ цела Европа. Бетовен и „Ода на радоста“ станаа своевидни белези на ова културно лето насекаде во Европа, па и кај нас. Во организација на „Дојче телеком“, магента-статуа на генијот патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал Деветтата симфонија. Магента-статуата симболично прошета и низ Охрид, збогатувајќи го фестивалот „Охридско лето“ кое со години наназад се одржува со поддршка на „Македонски Телеком“ на уште еден начин: поинаков, различен, симболичен и обединувачки.

Поврзувањето како темел на заложбите на „Телеком“ доби видлива, музичка димензија, а Охрид како древна колевка на уметноста – универзална димензија.

Сѐ уште можете да бидете дел од двојниот јубилеј, да се поврзете и со уметноста и да уживате во програмата на фестивалот. Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на „Ода на радоста“ со хаштаг #magentasonatas, „Македонски телеком“ ќе избере неколкумина што ќе добијат бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура