X
 13.04.2020 Здравје

Тројца оздравени во Штип, 26 новозаразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје - 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1, информира Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – од Скопје (жена на 79 години и маж на 63 години), пациент од Велес (58), пациент од Прилеп (67).

Денеска во Штип има 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. 

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:


Скопје – 316

Куманово - 211

Дебар – 49

Штип-27

Прилеп –75

Тетово – 37

Струга – 43

Велес – 32

Битола –9

Охрид – 4

Кавадарци - 3

Гостивар –8

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш - 4

Крушево – 3

Кочани – 22

Пробиштип - 2


Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен факултет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и „Жан Митрев“ – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје