X
 30.06.2020 Живот

Се укинува забраната за одржување на колективните спортски натпревари

На денешната седница Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови. Прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.



Заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија, на денешната седница е донесена одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на земјава. Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 2 јули, а со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.


Владата донесе и протоколи за работа на музеите, галериите и изложбените простории, за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 при организација на настани, промоции, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, за вршење на меѓуградски превоз, како и препораки и упатства за спречување на ширење на Ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот