X
 14.10.2021 Живот

Измена на протоколите: На културно-уметничките настани се дозволува до 50% публика, децата со пречки во развојот ослободени од носење маски во училиште

Владата на Македонија на вчерашната седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести, донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од протоколите со кои се зголемува дозволениот процент на исполнетост во салите за организирање културно-уметнички настани, а децата со посебни потреби се ослободуваат од обврската за носење маска на училиште.

Така, Владата донесе заклучок за измена на протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата. Сепак, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози, а останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите други препорачани превентивни мерки за спречување на ширењето на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

- На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12-годишна возраст натаму - се додава во соопштението.

Во него се истакнува и дека Владата донела измени и дополнувања на протоколот за реализација на воспитно-образовниот процес и заклучок дека децата со посебни потреби можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба.

Насловна фотографија: Влада

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот