X
 13.08.2017 Култура

Харуки Мураками: „Кога се гушкаме, ги споделуваме своите стравови“

Често сме во ситуација кога тешко наоѓаме вистински зборови за да ги опишеме нашите чувства. Но Харуки Мураками, најпознатиот јапонски писател на денешницата, умее да го направи тоа многу вешто, пишува „Космополитен“.

Неговите книги сведочат дека тој вистински ја разбира хемијата на човечката душа и умее тоа разбирање да го преточи во зборови со неверојатна прецизност, но и со сензибилитет кој поттикнува на размислување:

1. Светот без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Ниту можеш да го допреш ниту да го вдишеш.

2. Мислев дека луѓето израснуваат постепено, малку по малку... Се установи дека не е така. Тие израснуваат „преку ноќ“.

3. Не постои погрешно мислење. Постојат мислења кои не се совпаѓаат со нашите. Тоа е сè.

4. Како што старееме, сè повеќе работи не можеме да ги ставиме на своето место.

5. Сè што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, остава празнина која никогаш не можеме да ја пополниме.

6. Кога се гушкаме, ги споделуваме своите стравови.

7. Кога секое лице би верувало во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.

8. Без оглед колку настојуваш, не постои начин да побегнеш од болката што ја чувствуваш кога си вознемирен.

9. Изразувајте ги своите чувства. Многу полошо е да ги потиснувате. Ќе се натрупаат во вас и ќе станат сè потешки. На крајот ќе умрете.

10. Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.

11. Се чини дека срцето е скриено зад дебела лушпа и дека само неколку луѓе можат да стигнат до него. Изгледа поради тоа ми е тешко навистина да почувствувам љубов.

12. Искреноста што ја даваме и примаме, и желбата да помогнеме се најважните работи.

13. Празнината секогаш ќе се пополни со нешто.

14. Кога на луѓето им се дава надеж, тоа им помага да живеат подолго. Без надеж не постои „подолго“.

15. Нашата реалност е бескрајната борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запомниме.

16. Не постои тајна која еднаш нема да прсне од срцето.

17. Најважна работа не е големото откритие кои другите го сфатиле пред вас, туку оние мали мисли што сами ви доаѓаат.

18. Што е осаменост? Слична е на чувството кога во дождлива ноќ стоиш покрај голем брег и гледаш како моќниот бран се спојува со морето.

19. Сеќавањата нè греат однатре. Дури и кога силно нè болат.

20. Кога долго гледате во морето, почнуваат да ви недостигаат луѓето. Кога гледате во луѓето, почнува да ви недостига морето.

21. Секој и сè изгледа убаво кога се набљудува од дистанца.

22. Често се случува најважните работи на светот да започнуваат со натпревар.

23. Движењето во погрешен правец со голема брзина е полошо отколку воопшто да не се движиме.

24. Кога немате никого за да ги споделите вашите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат меѓу себе.

25. Ако сè се случува онака како што сакавте, животот ќе стане досаден.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура