X
 13.11.2019 Живот

Венеција поплавена, градоначалникот ќе прогласи вонредна состојба

Обилните дождови и големиот прилив ги поплавија историска базилика „Свети Марко“ и многу градски плоштади и улици во Венеција.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро, изјави дека ќе прогласи вонредна состојба.

- Ситуацијата е драматична. Ќе бараме помош од владата. Цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени - напиша Бругнаро на „Твитер“.

Висината на водата на плоштадот „Свети Марко“ надмина над еден метар.

Базиликата „Свети Марко“ за 1.200 години е шестпати поплавена, од кои четири се случија во последните 20 години, а најскорешната беше во октомври 2018 година.

Засега нема информации за причинета штета во базиликата

Според градските власти, висината на брановите достигнала до 187 сантиметри, што е помалку од рекордот забележан во 1966 година кога брановите достигнаа до 194 сантиметри.

Поголемиот дел од Италија изминатите денови е погоден од обилни дождови кои предизвикаа поплави првенствено во јужниот дел на земјата. Според метеоролозите, и во следните денови се очекуваат дождови.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот