X
 13.11.2020 Живот

81-годишен Италијанец не можел да ја посети сопругата во болница, па ѝ пеел серенади под прозорец

Ако музиката е храна на љубовта, тогаш нека свири - особено кога ограничувањата поради пандемијата и не ви оставаат друга опција.

Спречен да ја посети својата болна сопруга која се наоѓала во болница, 81-годишниот Стефано Божини одлучил да излезе на улица и да ѝ пее серенади на својата сакана.

Додека Карла Сачи, неговата сопруга со која е во брак 47 години, гледала од прозорецот на вториот кат во болницата во италијанскиот град Кастел Сан Џовани, Стефано ѝ пеел љубовни песни  и свирел на својата хармоника.

Тој го отворил настапот со „Шпански очи“ од Енгелберт Хампердинк, а потоа продолжил со омилените песни на сопругата.

Возбудливата случка стана вирална на социјалните мрежи, а ќерката на Божини на својот фејсбук-профил сподели пост во кој пишува: „Ова е мојот татко... еден и единствен“.



Извор: CNN
Фото: Screenshot/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот