X
 18.02.2022 Здравје

Пациенти лежат на кревети на улица во Хонгконг, нема место во болниците

Во некои болници во Хонгконг нема слободни места за пациенти, па затоа ги сместуваат на кревети надвор од болницата. Ова навистина се случува во болницата „Каритас“ во Хонгконг. Во средата немало место во собите во болницата, па вработените поставиле кревети надвор од болницата.

На фотографии од АФП се покажуваат редици со кревети надвор од болницата. Биле забележани и шатори во близина на болницата кои служат за привремено сместување на пациентите.



Медиумите пренесуваат и дека надвор од болницата биле забележани луѓе завиткани во прекривки кои чекаат да бидат примени во болницата. Ова е особено шокантно со оглед на тоа што Хонгконг е едно од најскапите места за живот во светот.

Градот моментално се бори со петтиот бран на ковид-19. На 17 февруари биле потврдени 6.116 новозаразени лица. Последната седмица бројот на заразени лица значително се зголемил.

Градот сега планира да ги тестира сите жители. Локалните власти побарале помош од хотелите да отворат 10.000 соби кои се празни за изолација на пациенти.

Извор: Insider
Насловна фотографија: AFP/Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје