X
 13.12.2021 Здравје

Две вакцини „Фајзер“ имаат ефикасност од 22,5 отсто во заштитата од омикрон

Две дози од вакцината против ковид-19 на американската компанија „Фајзер“ имаат ефикасност од само 22,5 отсто во заштитата од симптоматско заразување со сојот омикрон, но може да спречат потешки симптоми, покажуваат лабораториски експерименти спроведени во Јужноафриканската Република.

Научници од истражувачкиот институт во Дурбан го заклучиле ова врз основа на мало истражување спроведено на 12 учесници. Истражувањето покажало дека сојот омикрон за 41 пат повеќе го намалува нивото на антитела кај лицата што примиле две дози од вакцината во споредба со сојот кој првпат бил регистриран во Кина пред речиси две години.


Фото: Pixabay

Научниците велат дека вакцината сепак нуди заштита против развивање тешки симптоми, а трета доза може да го зголеми имунитетот.

Првични податоци од Обединетото Кралство покажуваат дека трета доза од вакцините на „Астра зенека“ и „Фајзер“ ја подобрува заштитата од заразување со сојот омикрон до 75 отсто во првите денови по вакцинирањето.

Извор: Time
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје