X
 14.01.2024 Живот

Наплаќа 68 фунти за ноќевање во шатор во стан во Лондон

Сопственик на стан во Лондон наплаќа за ноќевање во еден од шаторите поставени во неговата дневна соба. Тој го нуди ова сместување на платформата „Ербиенби“.

Цената за ноќевање во шатор зависи од датумот, но просечно изнесува 68 фунти. Кога има попусти, може да се најде и за 38 фунти. Секако, гостите мора да го делат станот со други гости, со оглед на тоа што во дневната соба се поставени три шатори.

Иако звучи лошо, може да се заклучи дека претходните гости биле задоволни, со оглед на тоа што сместувањето има висока оцена од 4,45 ѕвезди.

Од коментарите на платформата може да се види дека некои гости сепак не биле задоволни и наведуваат проблеми како нечист тоалет и врева од други гости. Сопственикот на станот одговорил на коментарите, велејќи дека за време на празниците дел од чистачите не работеле.



Извор: Independent
Насловна фотографија: X
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот