Ако сте меѓу оние што досега не се разболиле од ковид-19, можеби се прашувате какви се шансите да останете безбедни?
Ако почнете да живеете „нормално“; ако не користите маски, ако не посетувате ресторани, ако не одите на шопинг или кино - какви се шансите успешно да го избегнете ковид-19?
Центрите за превенција и контрола на болести проценуваат дека околу 43 отсто од населението на САД, или 140 милиони луѓе биле заразени со ковид, а околу 60 отсто од населението никогаш не го имале. Експертите веруваат дека нема така лесно да се ослободиме од овој вирус, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.
- Од моја перспектива, не е неизбежно да се заразите со вирусот, а на пример на места каде што стапката е мала, голем број луѓе што немале ковид нема да се заразат бидејќи нема да бидат изложени - објаснува д-р Боб Вачер.
Оние што биле вакцинирани сепак ќе имаат заштита од потешка форма на болеста, додава тој. Д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, се согласува, додавајќи дека тоа не мора да значи дека ќе се разболите иако вирусот е сè уште присутен.
- Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да потсетиме дека вирусот е сè уште присутен, а околу 2.000 смртни случаи неделно во Америка не се баш малку. Сепак, се согласува дека со малку повеќе внимание може лесно да се избегне болеста додека уживаме во животот. Вели дека додека вечера во ресторан или пие кафе во кафуле, тој е многу внимателен и избегнува ризично однесување, така што секогаш ќе избегнува места каде што има многу луѓе.
Д-р Абраар Каран, инфектолог, додава дека попуштањето на мерките не значи дека ќе настрадате од инфекцијата.
- Во суштина, мислам дека сè може да биде многу побезбедно, така што, на пример, службите треба да обезбедат добро проветрени простории каде што се работи или во училиштата, а маските мора секогаш да бидат достапни за оние на кои им се потребни - објаснува тој. Тој додава дека луѓето што се изложени на ризик или имаат автоимуни болести сепак треба да бидат малку повнимателни и да се трудат да избегнуваат инфекција на сите начини, да носат маски и, на пример, да избегнуваат одење во фитнес-сала.
Експертите велат дека има дополнителни придобивки ако успеете да ја избегнете инфекцијата. Колку подолго трае пандемијата, толку повеќе знаеме за вирусот, што значи дека ќе има повеќе и поквалитетни третмани.
- Одложувањето на инфекцијата всушност не е доволно ценет момент. Којзнае што ќе се случи за 5 месеци, ќе имаме ли уште да им понудиме на пациентите?, додава д-р Каран.
Иако нема гаранции во оваа пандемија, експертите веруваат дека е најважно луѓето да најдат начини да се вратат во нормален живот и да останат флексибилни додека вирусот е сè уште во оптек.
- Има баланс и за најранливите групи, треба да се вклучиме во животот и да не бидеме осамени, но треба да бидеме и одговорни на многу нивоа - заклучува тој.