X
 14.04.2022 Живот

Меѓу 10 најубави железнички маршрути во Европа две се од регионот

Си-ен-ен објави листа со десет најубави европски железнички маршрути. Покрај патувањето со воз од Фиренца до Неапол, од Барселона до Монсерат или од Ница до Вентимилија, свое место на листата најдоа и две линии од земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина и Словенија.

За патувањето од Сараево до Мостар, Си-ен-ен пишува дека станува збор за прекрасно двочасовно патување со воз во кое патниците ќе поминат под зелените планини и клисури кои ја придружуваат смарагдната Неретва.

- Ќе пристигнете во Мостар, едно од најомилените мали гратчиња во Европа, веднаш над познатиот мост што го изградиле Турците, а кој во 1993 година беше уништен од хрватската војска за во 2004 година повторно да биде изграден - пишува Си-ен-ен.

most
Фото: Instagram

Што се однесува до Словенија, Си-ен-ен наведува дека во оваа земја има повеќе од 1.000 километри железници, а широка железничка мрежа ја поврзува Словенија со Унгарија, Австрија, Хрватска и Италија.

- Една од најстарите словенечки железнички маршрути вклучува 28 тунели и 65 моста, вклучувајќи го и Солканскиот мост, најголемиот камен железнички мост во светот, кој ги поврзува двата брега на реката Соча - пишува Си-ен-ен.

most
Фото: Instagram

Листата со најубавите дестинации за посета со воз во Европа ги вклучува линиите Дери - Колерен во Ирска, Фиренца - Неапол во Италија, Барселона - Монсерат во Шпанија, Семеринг во Австрија, Берген во Норвешка, Ница - Вентимилја, која ги опфаќа Франција, Монако и Италија, Западен Хајленд во Шкотска и Лидкопинг - Мариштад во Шведска.

Извро: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот