X
 14.06.2018 Забава

Ѕидовите во овој музеј може да се јадат

Музејот за слатки наречен „Museum of Candy“ ќе се протега на 30.000 квадратни метри и ќе биде сместен во Њујорк. Земјата на слатките ќе биде првиот од трите музеи на компанијата „Sugar Factory“.

Дизајнот на музејот ќе биде спектакуларен и сладок - ќе има инсталации од бонбони, мурали кои ќе може да се јадат и многу други изненадувања.

Јасно е дека дизајнот и концептот на музејот се базирани на величењето на слатките и забавата.

Меѓутоа, има еден голем проблем - и возрасните и децата мора да внимаваат на количината шеќер што ќе ја внесат во организмот додека се шетаат низ музејот.

Фото: BizLife

Музејот ќе има повеќе од 15 простории со слатки експерименти и 500 различни видови слатки (бонбони, чоколади, сладоледи, гумени бонбони...), што воедно е и најголемата колекција на слатки во светот. Сепак, најинтересните детали и факти за поставката во музејот се држат во строга тајност.

„Gumdrop room“ е една од просториите каде што џиновска гума за џвакање ќе паѓа од плафонот. Посетителите ќе може да се шетаат по сцена чија заднина ќе биде излепена со бонбони.

Меѓу атракциите ќе биде и најголемото гумено мече на светот, како и голем еднорог.

Музејот ќе биде отворен на почетокот на идната година и цената на картите ќе варира меѓу 15 и 25 долари, а посетата ќе вклучува различни дегустации.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава