X
 13.04.2024 Живот

Ова се најплатените професии во Америка - заработуваат над 400.000 евра годишно

„Бизнис инсајдер“ состави листа со најплатени работни места во Америка. На самиот врв се наоѓаат хирурзите на педијатрија, кои заработуваат околу 413.700 евра годишно, односно седум пати повеќе од кој било друг човек со просечна плата.

Во моментов, во Америка работат 1.180 педијатриски хирурзи.

Следни на листата се кардиолозите, кои заработуваат 389.700 евра и ги има 12 пати повеќе - 15.190.

Трети на листата се ортопедските хирурзи, кои заработуваат 348.250 евра годишно, а ги има нешто помалку од кардиолозите: 14.820.

Радиолозите заработуваат 325.890 евра. Сите други хирурзи заработуваат по 343.990 долари годишно.

Шестото место на листата го заземаат професиите од областа на медицината, па дерматолозите, кои просечно заработуваат 315.700 евра годишно.

Седмото место е резервирано за лекарите. Анестезиолозите се седмата најплатена професија во Америка, а вработените просечно заработуваат 339.470 долари.

Максилофацијалниот хирург просечно заработува 307.799 евра годишно. На деветто место се спортистите, кои просечно заработуваат 302.753 евра годишно, а на десетто место се офталмолозите, кои заработуваат 287.368 евра.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот