X
 14.06.2022 Живот

Телескопот „Хабл“ првпат ги запиша масата и локацијата на црна дупка

НАСА објави дека ги изолирала масата и локацијата на она што би можело да биде „залутана“ црна дупка со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“. Ова е првпат во историјата на вселенската агенција да го постигне ова, и покрај тоа што има над 100 милиони црни дупки во нашата галаксија.

Досега, црните дупки во голема мера се сметаа за теоретски, со мерења за нивното влијание врз другите меѓуѕвездени тела, наместо на самите дупки. Преку мерењето на ефектот што го има врз ѕвездите околу неа, НАСА успеваше да го идентификува присуството на црната дупка во минатото.

Но, по шест години користење на „Хабл“ за набљудување на спиралниот крак Карина-Стрелец на нашата галаксија, НАСА успеа да открие црна дупка која патува низ кракот околу 5.000 светлосни години.

Оваа дупка е осамен патник во нашата галаксија, што ги натера научниците да заклучат дека кога црната дупка била формирана пред милиони години, добила „удар“ од суперновата што ја создала, што обезбедило импулс кој ја испратил на патување низ галаксијата.

- Црните дупки што шетаат низ нашата галаксија се родени од ретки ѕвезди кои се најмалку 20 пати помасивни од нашето Сонце - се вели во соопштението на НАСА.

- Овие ѕвезди експлодираат како супернова, а преостанатото јадро е здробено од гравитацијата во црната дупка. Бидејќи самодетонацијата не е совршено симетрична, црната дупка може да добие удар и да се движи низ нашата галаксија како разнесена топовска топка - пишуваат од НАСА:

„Хабл“, всушност, не може да ја фотографира црната дупка бидејќи таа ја вшмукува целата светлина наместо да ја рефлектира. Но, додека црната дупка го искривува просторот преку својата интеракција, светлината што доаѓа од околните ѕвезди е свиткана и всушност се засилува додека црната дупка патува пред неа, давајќи им на астрономите можност да ја набљудуваат.

Два тима ја набљудувале црната дупка користејќи податоци од „Хабл“ за да ја утврдат нејзината позиција. Тимовите дошле до малку различни заклучоци за големината, но се согласиле дека дупката е присутна и во голема мера компактна.

Четирипати поголема од нашето Сонце

Податоците биле собрани со помош на техниката позната како „Астрометриски микролеќи“ што може да се користи за откривање објекти кои се движат од масата на планетата до масата на ѕвездата, без оглед на светлината што ја емитуваат.

„Хабл“ ја набљудувал блиската светлина додека била засилена и искривена во период од 270 дена, а на тимовите им биле потребни уште 6 години да ги обработат податоците и да дојдат до заклучок дека можеби станува збор за црна дупка што патува низ нашата галаксија.

Со набљудување на ефектите на искривената светлина беше утврдена масата на црната дупка.

Иако тимовите веруваат дека тој феномен е црна дупка, тие исто така признаваат дека би можело да станува збор за ефекти од блиската неутронска ѕвезда. Проценетата маса на невидливиот компактен објект е помеѓу 1,6 и 4,4 пати поголема од онаа на Сонцето. На врвот од овој опсег, објектот би бил црна дупка; на нискиот крај, тоа би било неутронска ѕвезда.



- Колку и да сакаме да кажеме дека дефинитивно е црна дупка, мора да ги пријавиме сите возможни решенија. Ова ги вклучува и црните дупки со помала маса и можеби дури и неутронската ѕвезда - вели Џесика Лу од тимот на Беркли.

- Што и да е, објектот е првиот темен ѕвезден остаток откриен како талка низ галаксијата, без придружба на друга ѕвезда -  додаде Лам.

Тимот проценува дека објектот има маса од над седум Сончеви маси и патува низ галаксијата Млечен Пат со над 160.000 километри на час.

Извор: Petapixel.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот