X
 14.08.2021 Живот

Балканот може да очекува невремиња есенва, но високите температури ќе останат подолго

Летово Европа се соочува со екстремни временски услови. Додека северните и централните делови беа зафатени од поплави, високите температури на југот и истокот предизвикуваат пожари.

Веб-страницата „Аку ведр“ штотуку го објави своето предвидување за времето во Европа есенва. Метеоролозите велат дека годишното време може да понуди надеж за погодените региони. Според нив, струи од Тихиот Океан ќе влијаат врз времето низ целиот свет есенва.

Во септември, октомври и ноември невремињата што доминираат во северниот дел од Европа постепено ќе се поместат јужно на континентот. Од друга страна, се очекува посув период за Германија, Белгија, Холандија и Луксембург, кои беа погодени од поплави.


Фото: Pixabay

Подобри временски услови се очекуваат и во остатокот од северниот и централниот дел од Европа, каде температурите ќе бидат во границите на очекуваното за овој период од годината, односно од 23 до 23 степени Целзиусови на почетокот на есента и од 4 до 8 степени на крајот.

Меѓутоа, може да има невремиња во Јужна Европа, каде што се очекуваат периоди на дождови. Периоди на силни дождови се предвидуваат и за Балканскиот Полуостров, особено кон крајот на октомври и во ноември.


Фото: Pixabay

Сепак, есенва се очекуваат и температури повисоки од обичното насекаде низ Европа. На Балканот се очекуваат температури од 29 до 32 степени на почетокот на есента и 16-21 степени на крајот.

Високите летни температури може да се задржат подолго од обично на Балканот, а можни се и топлотни бранови во првата половина од есента, особено доколку нема невремиња какви што се предвидуваат во Јужна Европа, според метеоролозите. 

Извор: Yahoo News

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот