X
 14.08.2023 Живот

Што се случува во мозокот кога работите со недоминантната рака?

Дали знаете дека може да го тренирате мозокот со миење заби или правење што било со недоминантната рака? Учењето нови вештини поврзани со рацете може да ги зацврсти невронските врски и на тој начин да се зајакнат когнитивните способности.

Користете ги двете раце

За да го зачувате доброто помнење, експертите советуваат да се обидете да правите некои едноставни задачи со недоминантната рака. Повеќето од луѓето имаат доминантна рака, најчесто десната, која ја користат при пишување.

Само 1 отсто од луѓето можат еднакво добро да ги користат двете раце. Иако овие луѓе се раѓаат со оваа способност, неврологот Каја Норденген смета дека тоа може да се научи. Потребно е само да почнете, на пример, да ги миете заби со недоминантната рака за мозокот да развива нови врски. Со недоминантната рака може и да миете садови, да отклучувате врата, да сечете леб и слично.

На овој начин се формираат нови невронски врски во делот од мозокот кој е задолжен за недоминантната рака. Се зајакнува и поврзаноста помеѓу двете мозочни хемисфери, што доведува до подобро пренесување на информациите меѓу нив и до другите делови од мозокот. Се верува дека лицата што ги користат двете раце имаат околу 9 отсто поголем дел од мозокот кој ги поврзува двете хемисфери.

Никола Тесла ги користел двете раце

Нордеген посочува дека Никола Тесла ја имал оваа способност. Тој можел да пишува со двете раце. Леонардо да Винчи научил да слика со двете раце откако ја повредил десната рака.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот