Не е секогаш можно да се спречи болката за време или по некои операции. Секој ја чувствува различно и затоа е тешко да се оцени која операција боли најмногу. Сепак, не е лошо да се знае кои операции се сметаат за најболни за да знаете што ве чека.
Ова е само општ водич бидејќи многу зависи од тоа колкав е прагот на болката на човекот. Ортопедските операции се сметаат за најболни. Научниците утврдиле дека и некои помали интервенции, како што е лапароскопијата, може да предизвикаат значителна болка.
1. Операција на коската на петицата
Доколку некој ја скрши петицата, можеби ќе му треба операција. Операцијата не е секогаш потребна ако коската не се оддалечила предалеку од своето место. За да се поправи фрактурата, хирурзите мора да ја сечат кожата за да дојдат до скршената коска и плочките.
Кожата во тој дел е тенка и нема многу меко ткиво. За време на операцијата лесно може да се оштети нервот околу петната коска.
2. Спинална фузија
’Рбетот стои исправено поради вертебралните коски. Сколиозата и дегенерацијата на дискот се проблеми што можат да влијаат врз вертебралните коски. Ако движењето на вертебралните коски предизвикува болка, докторите препорачуваат операција на спиналната фузија. Со оваа постапка се поврзуваа две или повеќе вертебрални коски да не се движат повеќе.
Некогаш е потребна и трансплантација на коските. Тогаш се зема коската од колкот и се вметнува во ’рбетот за да помогне во спојувањето на вертебралните коски. Трансплантацијата на коските може да предизвика огромна болка, а болката може да стане хронична по интервенцијата.
3. Миомектомија
Миомектомијата е интервенција со која од матката се отстрануваат фиброидите. Иако овие мускулни влакна обично не се штетни, може да предизвикаат неплодност. Операцијата главно се работи со минимална инвазивна интервенција преку мал засек. Стандардната операција е потребна ако фиброидите се големи. Оваа интервенција е поболна и е потребно подолго време за закрепнување.
4. Прокто-колектомија
Со оваа постапка се лекува улцеративен колитис, рак на цревата и некои форми на Кронова болест. Ако е можно, операцијата ќе биде минимално инвазивна, а ако не, потребна е стандардна операција.
5. Сложена спинална реконструкција
Комплексната реконструкција на ’рбетот се однесува на неколку медицински процедури за поправање на оштетувањето на ’рбетот, спиналната стеноза и сколиозата. Хирургот користи шрафови и шипки за да ја коригира деформацијата на ’рбетот и да го стабилизира. Во ’рбетот концентрацијата на нервите и нервните завршетоци е висока, што ја прави постапката потенцијално болна.
Закрепнување
Опоравувањето зависи од операцијата. Луѓето што се подложени на иста операција може да имаат различни искуства на закрепнување. Докторот дава совети за тоа како пациентите да се справат со болката, припишува лекови против болка и дава упатства како да се намали болката.
Болката по операцијата не може секогаш да се спречи. Опиоидните наркотици се добри за ублажување на болката, но имаат негативни ефекти, појава на депресија и проблеми со дишењето. Лековите против болка ѝ помагаат на личноста да ѝ биде полесно, полесно да се движи, што придонесува кон побрзо закрепнување. По повеќето зафати се препорачува брзо станување од кревет.