X
 14.06.2019 Образование

Чистење дворови и косење трева се дел од наставата по физичко образование на овие ученици

Учениците во Дубјук, Ајова, можат да заработат дополнителни поени по предметот физичко образование благодарение на неодамнешните иновативни промени во наставните планови во нивното училиште.

Учениците од Центарот за алтернативно учење, каде одат ученици кои се изложени на ризик да се отпишат од училиште, последните две недели од училишната година ги поминаа грижејќи се за дворовите на старите лица и лицата со посебни потреби.

- Во Ајова, алтернативното образование е перспективно, а не процедура или програма. Базирано е на верувањето дека постојат многу начини на кои човек може да стекне образование, како и многу видови на средини и структури во кои образованието може да биде стекнато. - Сите луѓе може да стекнат образование и е во интерес на општеството да обезбеди дека сите тие имаат образование - пишува на веб-страницата на Одделот за образование на Ајова.

- Учениците и јас излегуваме и им помагаме на оние на кои им е потребна помош. Чистиме лисја, чистиме плевел, косиме трева, чистиме олуци - вели наставникот Тим Хитцлер.

Тој вели дека првично сакал учениците да ги извршуваат овие задачи како начин да стекнат поени за неговиот предмет. Тој додава дека иако учениците не се секогаш воодушевени што ќе си ги извалкаат рацете, тие стануваат сè повеќе ангажирани откако работата ќе биде завршена и уште поважно, сфаќаат колку среќни ги прават соседите со нивната работа.

- Нормално, учениците не се премногу возбудени, но откако ќе се вклучат и ќе почнат да работат во дворовите, тие стануваат мотивирани. Она што навистина им се допаѓа е тоа што им помагаат на луѓето - вели наставникот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование