Алергијата на прашина е развој на алергиска реакција кон малите организми дерматофаги кои најчесто живеат во домашната прашина. Знаците за алергија на домашна прашина се слични со оние за поленска треска, како што се кивање и течење на носот. Многу луѓе со алергија на домашна прашина може да имаат и знаци на астма, како што се свиркаво и отежнато дишење, објаснува прим. д-р Соња Петровска, педијатар во клиничката болница „Жан Митрев“. Дерматофагите, познати меѓу луѓето како грињи, кои се блиски роднини на крлежите и пајаците, се премногу мали за да се видат без микроскоп.