Најмалку единаесет лица го загубија животот во поплавите што синоќа го погодија главниот град на Грузија, Тбилиси.
Дел од жителите се водат за исчезнати.
Водата преполнила стотици подруми, подземни премини, плоштади и патишта и ја оштетила електричната и техничката инфраструктура. Околу 22.000 жители на Тбилиси се без струја.
Реката Кура, која поминува низ градот, се прелеала од своето корито и ја поплавила Зоолошката градина во градот, по што од неа избегале над 30 диви животни, меѓу кои и нилски коњ, 7 мечки, 6 лава, 6 тигри, јагуари, 13 волци, алигатор и други. Тие сега слободно шетаат по улиците на главниот град на Грузија, а надлежните апелирале жителите да останат дома, за да не бидат доведени во опасност.
Носорог низ улиците на Тибилиси